По срамниот пораз од Луксембург, македонската фудбалска репрезентација забележа пад од една позиција на ранг листата на ФИФА. На најновата ранг листа за месец март, Македонија со 328 поени е на 102-та позиција, пред Бермуда со 321, а зад Конго со 331 поен.
Освен Конго, подобар пласман од Македонија имаат и репрезентациите на Боцвана, Гвајана, Виетнам, Того, Малави, па дури и малата островска држава Антигва и Барбуда.
Македонската репрезентација е подобра од „велесили“ како Бермуда, Мозамбик и Руанда.
Од нашата квалификациска група А за СП во Бразил 2014, најдобар рејтинг има Хрватска на десетото место, следува Србија на 26-то, Белгија е на 40-то, Велс на 48-то и Шкотска на 51-то место.
На врвот на листата останува Шпанија пред Холандија, Германија, Уругвај и Бразил.