Со 14 погодоци на 17 натпревари, Филип Ивановски не само што му помогна на Вардар да ја освои есенската титула, туку е и неприкосновен лидер на листата на стрелци во Првата фудбалска лига на Македонија.
26-годишниот напаѓач со интернационално искуство од Полска каде настапуваше три години и Кипар каде една година го носеше дресот на Етникос, е добар познавач на фудбалот во овие земји, како и останатите европски лиги. Со своето познавање ќе ни помогне да го составиме тикетот на колото.
Полонија - Јагелониа 1
Мојот поранешен тим Полонија имаше слаб старт во пролетниот дел од сезоната и мора да го добие овој натпревар ако сака да остане во игра за врвот.
Сласк - Корона 1
Дуелот помеѓу второпласираната екипа на Сласк и четвртопласираната Корона ќе биде најинтересен натпревар ова коло во Полска. Корона има добра серија од три победи, но мислам дека Сласк ќе им ја прекине оваа серија и ќе го добие мечот.
Етникос - Алки 1 и 0-2 гола
Етникос и Алки овој викенд ќе одиграат македонско дерби на Кипар. Етникос, во чија екипа настапуваат Един Нурединоски и Стојан Игњатов, се наоѓа во лоша ситуација и со победа над Алки каде игра Никола Глигоров, ќе фати приклучок со останатите екипи.
Од посилните европски лиги би ги издвоил следните поинтересни натпревари:
Палермо - Рома X
Шалке - Хамбург 1
Арсенал - Њукасл 3+
По долгата пауза викендов повторно започнува и македонската Прва фудбалска лига. Вардар моментално е на првата позиција без пораз и со пет поени повеќе од Металург, а најтрофејниот македонски клуб избори пласман и во полу-финалето од македонскиот куп. Кои се твоите очекувања и предвидувања за до крајот на сезоната?
„Вардар има силен тим оваа сезона, а тоа го покажавме и на теренот и со големата поддршка од нашите одлични навивачи, заслужено се наоѓаме на врвот на табелата. Одиме на двојната титула. Би било добро ако ја завршиме сезоната без пораз, но тоа не е најважно. За мене најважно е да ги освоиме трофеите во лигата и во купот и да го вратиме Вардар на старите патеки."
Кој е вашиот тикет на колото? Пишете ни во коментарите под оваа статија или на нашата Facebook фан страна.