
Неколку часа откако Меси го демолираше Баер Леверкузен со пет гола при победата на Барселона од 7:1, на другиот крај од светот Нејмар одговори со нова магија.
Младиот Бразилец не беше премногу импресиониран од Меси или пак беше до толку импресиониран што дополнително се мотивираше на натпреварот против Интернационал.
Нејмар ги постигна сите три голови за Сантос. Првиот од пенал во 18-та минута, а потоа следеше првото ремек-дело во 54-та минута. Тоја ја прими топката на околу 80 метри од голот, го претрча цел терен, издрибла пола тим и постигна гол.
Во 65-та минута ја повтори магијата, претрчувајќи го пола терен за реализирање на својот хет-трик.
Сега Меси е на потег.