Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
На емотивното збогување на Пеп Гвардиола со Барселона на неговиот последен натпревар на Камп Ноу, Лионел Меси сруши уште два рекорди постигнувајќи ги сите четири голови при победата против Еспањол.
На денешен ден пред 63 години се случи најголемата трагедија во историјата на италијанскиот фудбал. Во авионска несреќа загинаа сите фудбалери на неверојатната генерација на фудбалскиот клуб Торино која освои пет титули во серија.
Се уште го паметиме Наваро кој ја уништи нашата репрезентација со 35-те поени за Шпанија на полуфиналниот натпревар од Европското првенство во Литванија, а него ќе го паметат и во Мадрид.
Фудбалерите и навивачите на Реал Мадрид на улиците на шпанската престолнина ја прославија 32-та шампионска титула. За среќа Серхио Рамос не го скрши и овој пехар.
За само пет месеци успеа да сруши толку рекорди, па ако продолжи со ова темпо до крајот на својата кариера Лионел Меси најверојатно нема да го има срушено само уште рекордот за највисок фудбалер кој настапувал за Барселона.
Денес, може МЗТ ги има Далман, Чековски и Гечевски, ама само еден играч е најзаслужен за разбивањето на дваесет годишното проклетство. А тој играч игра не игра на терен... игра на трибина