Барселона го победи Реал Мадрид на кошаркарското „Ел Класико" со 86:83 и покрај тоа што Реал во текот на натпреварот имаше двоцифрена предност.
Еден од најзаслужните за победата на Барселона беше Хуан Карлос Наваро кој постигна 23 поени, а тој го најави големиот пресврт со тројка од пола терен во последната секунда од првото полувреме.