Идиот на годината

Исфрустрираниот фудбалер на Сион по поразот од Лозана му удри шамар на едно од децата кои ги собираат топките покрај теренот.

Ги објавивме нашите номинации во изборот за гол на годината во Премиер лигата, а веднаш можеме да го прогласиме и добитникот на признанието за фудбалски идиот на годината.

Швајцарскиот клуб Сион загуби од Лозана со 1:0, а исфрустрираниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска, Џефри Сереј Дие, најверојатно незадоволен што многу споро му ја враќале топката во игра, веднаш по завршувањето на натпреварот му удри шамар на едно од децата задолжени за собирање на топките.

3 мај 2012 - 14:12