Првиот трофеј за привремениот тренер на Челси, Роберто Ди Матео е пехарот од најстарото фудбалско натпреварување на планетата. Челси го совлада Ливерпул со 2:1 на 131-то финале на ФА купот.
Челси поведе уште во 11-та мита со голот на Рамирес, а на 2:0 зголеми Дрогба во 52-та минута. Неизвесноста ја врати Енди Керол во 64-та минута, а на осум минути до крајот Чех блокираше една топка од самата гол линија, со што повторно се јавуваат дебатите за што поскоро воведување на технологијата на гол линија.