Неџипи уште на 17-годишна возраст од Слога Југомагнат премина во Германија каде три сезони играше за младинските тимови на Херта и Волфсбург.
По враќањето во Македонија го предводеше Работнички до три шампионски титули, а по успешните настапи во европските натпреварувања, тој направи трансфер во белгискиот клуб Лирс каде играше две години. Во моментов тој е член на азербејџанскиот клуб Карабах.
Тикетот на Ндерим:
Хeрта - Хофенхajм 2
Можеби изненадувачки против мојот поранешен клуб, но според мое мислење Херта има многу слаб тим оваа сезона и сигурен сум дека ќе испаднат во втора лига затоа што сменија многу тренери во текот на оваа сезона и никогаш не играа константно. Со Хофенхајм доаќа и Бабел кој практично беше непотребно избркан од тимот и како што читам последните денови, тој сака да се одмазди.
Штутгарт - Волфсбург 1
Екипата на Штутгарт игра многу добар футбал во вториот дел на сезоната и со оваа победа ќе обезбеди пласман во Лига Европа.
Хановер - Кајзерслаутерн 1(-1)
Мислам дека ова е сигурна победа за Хановер со два или повеќе голови разлика за влез во Лига Европа.
Лирс - Левен 1
Мојот довчерасен тим пред своите гледачи ќе победи затоа што екипата на Левен е млада и неискусна екипа која што изненадувачки обезбеди опстанок во регуларниот дел на сезоната.
Зулте Варагем - Локерен Х
Кога се среќаваат овие две екипи секогаш нема победник, па мислам дека и овој пат ќе биде така.
Серкл Бриж - Мехелен 1
Мислам дека оваа сезона екипата на Серкл е многу поквалитетна од Мехелен и ако се погледне по традиција секогаш добива кога им гостуваат во Бриж.
Кои се вашите типови за викендов? Пишете ни во коментарите под оваа статија.