Барселона го испрати Гвардиола

На емотивното збогување на Пеп Гвардиола со Барселона на неговиот последен натпревар на Камп Ноу, Лионел Меси сруши уште два рекорди постигнувајќи ги сите четири голови при победата против Еспањол.

Лионел Меси продолжи со тероризирање на противничките одбрани и со четири голови на градското дерби против Еспањол, успеа да го засени и збогувањето на Пеп Гвардиола со домашните навивачи.

Меси не само што беше стрелец на сите голови и стигна до бројката од 50 гола во шпанската Примера, туку сруши уште два нови рекорди. Оваа сезона тој постигна вкупно 72 голови, со што го сруши рекордот на Шкотланѓанецот Арчи Старк кој во сезоната 1924/25 во Америка постигнал 70 погодоци.

Тој го сруши и клупскиот рекорд на Цезер Родригез со 14 натпревари на кои постигнал барем три гола.

Четвртиог гол му го посвети на Гвардиола за кого ова беше последен натпревар на Камп Ноу. По завршувањето на натпреварот Пеп имаше емотивно збогување со публикатата, по што фудбалерите го изведоа традиционалното фрлање во воздух и го испратија кон соблекувалните со аплаудирањето познато како „пасиљо".

Фудбалерите на Реал Мадрид најверојатно се уште понесени од славјето по освојувањето на шампионската титула, започнаа многу опуштено на гостувањето кај Гранада и примија гол уште во 5-та минута.

Реал Мадрид губеше се до 81-та минута кога израмни Роналдо од пенал, а победата им ја подари Кортес кој си постигна автогол во 93-та минута.

ПРИМЕРА – 37. КОЛО

Билбао – Хетафе 0:0

Сарагоса – Сантандер 2:1
Постига 13, Лафита 78 – Фернандес 11

Мајорка – Леванте 1:0
Пиња 54

Гранада – Реал Мадрид 1:2
Јара 5 – Роналдо 81п, Кортес 90+3аг

Севиља – Рајо Ваљекано 5:2
Дивара 31, 47 Кала 43, Рејес 65, Кануте 81 – Диего Коста 37п, 77

Барселона – Еспањол 4:0
Меси 12, 64п, 74, 79пен

Хихон – Бетис 2:1
Саној 13п, 55 – Молина 45

Атлетико Мадрид – Малага 2:1
Коке 69, Адрија 79 – Елисеу 38

Валенсија – Виљареал 1:0
Жонас 90

Осасуна – Сосиедад 1:0
Балде 14