Неколку десетици илјади навивачи на Реал Мадрид се собраа на плоштадот Сибелес каде традиционално „кралскиот клуб" ги прославува трофеите. Тие ги поздравија своите миленици кои ја прекинаа доминацијата на Барселона и по пауза од три сезони ја освоија својата 32 шампионска титула.
Мурињо и фудбалерите на Реал Мадрид продефилираа низ улиците на Мадрид, а капитенот Икер Касиљас го закачи клупското знаме на фонтаната посветена на Сибел, римската божица на плодноста.