Оваа година англиската Премиер лига го прославува јубилејното 20-то издание и по тој повод Англичаните со помош на навивачите од целиот свет ќе ги изберат најдобрите играчи, тренери, голови, одбрани, прослави, натпревари, изјави...
Првата награда му беше доделена на Вејн Руни кој го постигна најубавиот гол во историјата на Премиер лигата. Тој ја затресе мрежата на Манчестер Сити со ножички во февруари 2011-та година и овој гол доби најмногу гласови од навивачите.
На гласањето на официјалната вебстрана на Премиер лига учествувале 300.000 навивачи, а голот на Руни се најде на првото место со 26% од гласовите, пред голот на Денис Бергкамп со 19% и Тиери Анри со 15%.
Погледнете ги десетте номинирани голови: