Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Танцот на Нејмар

Најпопуларниот и најбараниот фудбалер од Јужна Америка освен што ги полни топ листите на најдобри фудбалски мајстории, одлично знае да ги забавува неговите соиграчи пред, но и за време на натпреварите.

Новиот светски фудбалски поредок

Светското фудбалско првенство за играчи до 20 години кое оваа година ќе се одржи во Турција, ќе биде првото глобално натпреварување на ФИФА на кое нема да настапат репрезентациите на Бразил и Аргентина.

Помалку хокеј, повеќе тепање

Скратената сезона заради локаутот во НХЛ лигата донесе многу нервоза и повеќе тепачки од останатите регуларни сезони, па така некои денови има повеќе тепачки од натпревари.

Пријателите ќе го спасуваат Гаскоњ

Поранешниот англиски фудбалер кој повторно му се врати на пиењето, замина во САД каде ќе се обиде да ја излечи зависноста од алкохолот. Трошоците во центарот за рехабилитација во Феникс кои чинат 7 илјади евра неделно, ќе ги подмират четворица негови пријатели.

Кој ќе дува свеќи на денешен ден

Доколку денеска се соберат сите славни имиња од светот на фудбалот и заедно го прослават денот на раѓање, тоа сигурно ќе биде најелитниот роденден преполн со славни фудбалски имиња. Најмлад од нив е Нејмар (21), а највозрасен Чезаре Малдини (81).

Забивање на денот

Потегот на денот во НБА го има Ник Јанг од Филаделфија кој на натпреварот против Орландо изведе забивање со вртење од 360 степени.

Марадона се исповеда на мобилен

Аргентинскиот легендарен фудбалер кој моментално се наоѓа во Дубаи, револтот по обвинувањата, според кои на Италија и должи данок во износ од 40 милиони евра го искажа снимајќи се со мобилен телефон.

Како се калеше RB9

Ред Бул го претстави својот нов болид RB9 со кој ќе се обидат да стигнат до четвртата последователна титула во Формула 1 шампионатот.

Фудбалските клубови се дават во долгови

Дури 46 фудбалски клубови не ги исполнуваат условите на финансискиот фер плеј, се вели во извештајот на УЕФА според кој загубите на клубовите пред да почнат да се применуваат новите закони достигнале до 1,7 милијарди евра.

Шек ја обожава Бијонсе

Пензионираната НБА легенда Шекил О'Нил на својот Твитер профил објави видео на кое ја имитира Бијонсе за време на нејзината изведба на полувремето на Супер Боул.

Масовна рагби тепачка

Не дека кога играат рагби не се тепаат, ама репрезентативците на Белгија и Грузија поштено се измлатија на квалификациски натпревар за Светско првенство.

Вицешампионскиот тим на Сосиедад бил допингуван

Сигурно се сеќавате на легендарниот тим на Реал Сосиедад кој во сезоната 2002/03 заостана само 2 бода зад Реал Мадрид во борбата за титула во шпанската Примера. Епа баш тој состав го направил овој успех со помош на допинг.

Наместен натпреварот од ЛШ: Ливерпул-Дебрецин

Откако денес Еуропол објави дека во Европа биле наместени 380 натпревари, а помеѓу нив и натпревари од Лигата на шампиони, медиумите шпекулираат дека еден од тие е и дуелот помеѓу Ливерпул и Дебрецин.

Ќе се менуваат правилата на фудбалот

Интернационалниот фудбалски борд (ИФАБ) кој е задолжен за промена на правилата во најпопуларниот спорт, на својот следен состанок ќе дискутира за промени при досудувањето на офсајд, новите технологии, петте судии...

Удинезе протестира со замрзната слика

Удинезе се уште не може да се помири со поразот по сомнителната одлука за пенал во судиското продолжение и денес ќе протистираат со замрзната слика на својот ТВ канал.

Цела Европа се растура од местење

Еуропол ги соопшти деталите од најголемата истрага за местење на натпревари во Европа. Идентификувани се 425 лица вмешани во местење, а под истрага се 380 натпревари. Помеѓу нив е и еден натпревар од Лигата на шампиони одигран во Англија.

„Гуштерите“ од Сантос на третман кај Нејмар

Фудбалскиот клуб Сантос има традиција со која младинците кои ќе бидат промовирани во првиот тим мора да поминат низ „третман" од сениорите. Овој пат третманот им го направи Нејмар.

Гангам Гатузо

Како дел од кампањата за неговиот нов клуб Сион од Швајцарија, Џенаро Гатузо мораше да игра на Гангам стајл и тоа го направи многу лошо.

Здружени навивачи

Навивачите на Манчестер Сити и Ливерпул ги здружија силите и заеднички протестираа за високите цени за влезниците на стадионите во Премиер лигата.

Хорор прослава

Репрезентацијата на Гана се пласираше во полуфиналето на Купот на Африкански Нации, а голманот Фатаву Дауда кој беше херој на натпреварот знаеше како да прослави и да ги исплаши гледачите крај ТВ екраните.

Балтимор го освои темниот Супер боул

Можеби за нас малку непознат спорт, но во САД синоќа владееше вистинско лудило. Супер Боул XLVII натпреварот им припадна на Балтимор Рејвенс по возбудливиот меч со Сан Франциско Фортинајнерс. Еден од најгледаните спортски настани на планетата го одбележа и прекинот на електрична енергија.

Најголемиот фудбалски дрес на планетата

Со пласманот во четвртфиналето на Афричкиот Куп на нации, селекцијата на Нигерија го презентираше најголемиот дрес во светот со што го сруши светскиот рекорд на Турците, кои го поставија во април 2009 година.

Плукачот Попов

Македонскиот интернационалец Горан Попов заработи директен црвен картон за плукање кон противничкиот фудбалер Кајл Вокер. На крајот Вест Бромвич Албион со фудбалер помалку загуби од Тотенхем со 0:1.