Фудбалскиот клуб Удинезе продолжува со протестот кон судијата Паоло Валери. Тој на вчерашниот натпревар во 93-та минута покажа на белата точка по еден сомнителен старт над Ел Шарави, а потоа Балотели постигна гола за победа на Милан од 2:1.
И самиот тренер на Милан, Масимилиано Алегри призна дека судијата направил грешка, но челниците на Удинезе не можат да се помират. Тие решија да го искажат својот протест со замрзната слика на својот ТВ канал. Сликата од спорниот момент беше прикажана денес цел час на ТВ каналот на Удинезе од 13 до 14 часот.