Најсилната и најпопуларната хокеј лига во светот оваа година започна со задоцнување од повеќе од 100 денови и 625 пропуштени натпревари. Скратената сезона предизвика повеќе нервоза, па така оваа година се регистрирани многу повеќе тепачки од претходните.
На првите 87 натпревари оваа година имало 58 тепачки, што е за 39 повеќе по истиот број на натпревари минатата година.
Сепак рекордот е од сезоната 1994/95 кога по 87 натпревари имало 83 тепачки, а впечатливо е што и тогаш сезоната била скратена заради локаут.
Најмногу тепачки се случија минатиот вторник кога на 10 натпревари имаше 16 тепачки. Во понеделникот на 13 натпревари имаше 12 тепачки, а во средата на 4 меча се степаа 6 пати.