На прес конференција во Хаг, Еуропол денес ги откри деталите за најголемата истрага за наместени натпревари во историјата на европскиот фудбал.
Истрагата траела 18 месеци, а откриени се вкупно 380 сомнителни натпревари. Помеѓу нив се и натпревари од квалификациите за Светско и Европско првенство, два натпревари од Лигата на шампиони, како и неколку од врвните европски лиги. Еден од натпреварите од Лигата на шампиони е одигран во Англија.
Криминалната мрежа оперирала од Азија во координација со 425 фудбалери, тренери, челници на фудбалски клубови и криминалци. На наместените натпревари било вложено 16 милиони евра, а местачите имале профит од 8 милиони евра.
На фудбалерите и останатите луѓе вклучени во местењето им биле исплатени околу 2 милиони евра, а најголемата исплата на поединец изнесува 140.000 евра.