По соопштувањето на Европската полиција која во 18 месечната истрага успеала да открие 380 наместени фудбалски натпревари, се огласи германски полициски инспектор кој не се сложува целосно со своите колеги за тоа што го кажале во јавноста.
Еуропол ги соопшти деталите од најголемата истрага за местење на натпревари во Европа. Идентификувани се 425 лица вмешани во местење, а под истрага се 380 натпревари. Помеѓу нив е и еден натпревар од Лигата на шампиони одигран во Англија.