Фредхолм Алтханс е шеф за вршење истраги на фудбалски натпревари во полцијата во Бохум и е исто така претставник на Еуропол. Во интервју за веб порталот „Sportingintelligence" тој изјавува дека прес конференцијата која беше одржана во понеделникот, по повод истрагата за лажирани натпревари, не испратила јасна порака до јавноста.
Тој смета дека трабело да се направи поделба помеѓу тие 380 наместени натпревари кои ги оквалификува како "стари" случаи и кои се во рамките на Европа и оние 300 "нови" сомнителни натпревари кои се однесуваат на Африка, Азија и Јужна Америка.
„Во понеделникот не беа јасно кажани фактите на пресот. Тие 380 случаи кои се однесуваат на Европа се веќе стари и сите ги знаат. Тоа се случаи кои веќе се водат од страна на властите во Германија, Унгарија, Финска, Словенија и Австрија". Од нив 79 се во Турција“, вели Алтханс.
Според него требало многу појасно да се објасни и обртот на пари кои бил свртен од овие мечеви, а не само да се нафрлаат суми како влогот од 16 и заработката од 8 милиони евра од кои 2 биле заработени во Германија. Алтханс смета дека Еуропол повеќе требал да ја објасни ситуацијата околу новите 300 случаи.
„За 150 од тие вкупно 300 мечеви веќе имаме првични докази. Тоа значи дека од истрагите имаме резултати кои не наведуваат на нови сомнежи. Колкав ќе биде вкупниот број на наместени натпревари ќе дознаеме за 6 месеци. Важно е да се напомене дека од овие 300 мечеви, 270 се интернационални", изјави германскиот инспектор.
Сите овие натпревари според Алтханс се однесуваат на 2009, 2010 и 2011 година. Тој за „Sportingintelligence" открива дека тука се вмешани 50 фудбалски клубови, но не значи дека во сите случаи се вмешани самите екипи, туку тоа можат да бидат и судиите, како и други официјални лица. И овие 300 случаи од светската фудбалска мапа се поврзани со Сингапур, базата каде се заработуваат милиони.