Дресот кој е со димензии 76x84 метри и кој го исполнува речиси целиот фудбалски терен е изготвен благодарение на официјалниот спонзор на популарните „Орли", пивото „Гинис" и претставува нов светки рекорд, по оној на Турција кој го направи мобилниот оператор „Авеа" пред 4 години со димензии 71x79.
„Многу ни е драго што го направивме овој историски чин за Нигерија, ставајќи ја земјата на светската фудбалска мапа, која има поддршка од милиони Нигеријци“, рече маркетинг директорот на „Гинис" Аустин Уфомба.
Во овој историски чин, се приклучија и навивачите кои имаа можност во период од четири дена да се потпишуваат и да оставаат пораки за поддршка на репрезентацијата на Нигерија. „Орлите" се пласираа во четвртфиналето на Афричкиот Куп на нации, каде денеска се среќаваат со Брегот на Слоновата Коска.