Почна да се одмотува клопчето околу европските местачи. Во текот на денешниот ден Еуропол ги откри деталите за најголемата истрага во европскиот фудбал во која се откриени 380 наместени натпревари и 425 вмешани лица. Помеѓу нив се и натпревари од квалификациите за Светско и Европско првенство, два натпревари од Лигата на шампиони, како и неколку од врвните европски лиги.
Данскиот весник Ekstra Bladet открива дека еден од наместените натпревари е и дуелот од Лигата на шампиони во 2009-та година помеѓу Ливерпул и Дебрецин.
Според нив, гостинскиот голман, Црногорецот Вукашин Полексиќ бил поткупен за натпреварот да заврши со барем 3 гола, но напаѓачите на Ливерпул имаа слаб ден и тие победија само со 1:0.
Според истиот извор, Полексиќ подоцна бил поткупен за уште еден натпревар од Лигата на шампиони кој Фиорентина го доби со 4:3.