Според анализата на финансиите на 700 европски клубови која беше презентирана во седиштето на УЕФА во швајцарскиот град Нион, платите на фудбалерите за 5 години се зголемиле за 43%.
Група на експерти предводена од поранешниот премиер на Белгија, започна со советување на клубовите пред да почнат да се применуваат новите правила на финансискиот фер плеј. Доколку денес се применуваа овие правила, 46 клубови немаше да ги имаат исполнето условите и ќе заработеа суспензија од европските натпреварувања.
Вкупните загуби на клубовите во фискалната 2011-та година достигнале рекордни 1,7 милијарди евра, а само 10-те најголеми трошаџии имале дефицит од 856 милиони евра.