Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Фудбалери од врата на врата канат гледачи на натпревар

Исто како и на фудбалските натпревари во Македонија и на стадионите во Сингапур има троцифрен број на навивачи, но таму на фудбалерите им смачило да играат пред празни стадиони, па почнале да одат од врата на врата и да ги канат гледачите да дојдат на натпревар.

Големиот Дрогба

Напаѓачот на Галатасарај, Дидие Дрогба при воздушен дуел на натпреварот против Ордуспор, нокаутираше противнички фудбалер кој во полусвесна состојба беше итно одведен со амбулантно возило. По завршувањето на натпреварот, првото нешто што Дрогба го стори беше посетата на нокаутираниот ривал во болница.

Ново ремек-дело на Герет Бејл

Головите од далечина со кои ги решава натпреварите во финишот, како да му станаа навика на Герет Бејл. Синоќа тој повторно постигна два погодоци, а вториот беше во самата завршница со што му ја донесе победата од 2:3 на својот Тотенхем на гостувањето кај Вест Хем.

Комичниот автогол на Галатасарај

Екипата на Галатасарај засилена со Дрогба и Снајдер беше огромен фаворит против Ордуспор, но веќе на полувремето губеше со 0:2. Гостите поведоа во 15-та минута со автоголот во кој главните улоги ги имаа голманот Муслера и Селчук Инан. Во второто полувреме Галатасарај направи целосен пресврт со голчиштето на Снајдер, два погодоци на Јилмаз и еден на стрелецот на автоголот.

Ѕампарини си игра мајтап со тренерите

Претседателот на Палермо продолжува во ист стил со политиката на менување на тренери. По вчерашното отпуштање на Алберто Малезани кој издржа само три кола на Сицилија, Ѕампарини повторно го врати Џан Пјеро Гасперини кој беше избркан пред три недели.

Гатузо со нова улога како тренер-играч

Претседателот на Сион, Кристијан Константин донесе необична одлука по вчерашниот пораз на неговиот тим од 4:0 од екипата на Тун. Раководството на швајцарскиот прволигаш одлучи тренерската функција да му ја додели на Гатузо кој оваа сезона дојде од Милан.

Бекам под посебен видео надзор

Иако славниот ветеран беше само 14 минути на теренот и учествуваше во акцијата при постигнувањето на голот на Ибрахимовиќ, французите си направија шоу од неговиот деби настап. 

ФИФА одобри нова технологија за гол линијата

Германската компанија „Каирос" ја доби концесијата од Светската куќа на фудбалот за користење на новата гол технологија, која за прв ќе биде испробана на Светското фудбалско првенство во Бразил 2014 година.

Оскарот оди за...

Помеѓу номинираните за најдобра главна машка улога на Оскарите се најде и една ѕвезда од Барселона. Погодувате кој?

Гвардиола ги шпионирал фудбалерите на Барселона

Според шпанските медиуми, новиот тренер на Баерн Минхен ги користел услугите на детективска агенција додека бил на кормилото на Барселона за да ги следи фудбалерите во нивното слободно време.

Станиќ и Вугринец во тимот на колото

Голманот на Металург се најде во тимот на колото благодарение на маестраелнаите одбрани, особено во второто полувреме кога по првите 20 минути Данците успеаа да му дадат само еден гол. Еден од најдобрите поединци на паркетот беше и Ренато Вугринец со 6 гола.

Федерер зема пауза

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер најави дека по турнирот во Индијан Велс ќе паузира со натпревари и ќе му се посвети на семејството.

Кладилница исмева фудбалери преку билборди

Маркетинг секторот на интернет кладилницата Paddy Power врши одлична работа. По гаќите на Бентнер на Европското првенство, тие сега имаат кампања со која им се исмеваат на познати фудбалери кои се резерви во своите тимови и им понудија нова работа на Торес, Аршавин, Босингва...

Дерби дела Мадонина без победник

180-то првенствено дерби на Милано заврши без победник. По интересен и неизвесен натпревар, градските ривали Интер и Милан поделија по едно полувреме, а на крајот и ги поделија поените.

Победа на Металург за мерак на навивачите

Нашата ракометна гордост која веќе втора година по ред ќе биде во друштво на најдобрите 16 екипи во Лигата на шампионите, растоварен го заврши последниот настап во групната фаза. Во салата „Борис Трајковски" Металург со триумфот над Сикелборг од 32:18, само ја потврди втората позиција во групата.

Пропаднатиот трансфер на Хановер

Бундеслигашот Хановер кој во зимскиот преоден рок донесе тројца засилувањата во своите редови, ниту помисли дека може да се соочи со два ненадејни проблеми околу младиот дефанзивец Франка кој се уште нема настапено за тимот.

28 повредени гледачи на трката во Дејтона

Едно тркало и многу помали делови од автомобилот на Кајл Ларсон летнаа во публиката и повредија 28 гледачи по застрашувачката несреќа на самиот финиш од НАСКАР трката во Дејтона. 14 повредени се префлени во болница, а еден е во животна опасност.

Бадминтон мајсторија

Еден од најинтересните поени во историјата на овој не баш популарен спорт се случи на турнирот во Стразбур помеѓу Жулиен Мајо и Ромаин Еуделин.

Борењето ќе ги обедини САД и Иран

Откако Меѓународниот Олимписки Комитет реши да го избрише борењето од листата на олимписки спортови, неколку големи сили во овој спорт наскоро ќе започнат обединета кампања против одлуката, а своја поддршка даде и Владимир Путин.

Тикет на колото

Во овој викенд богат со фудбалски напревари кои се играат во националните првенства, решивме да ги типуваме дерби мечевите на кои се надеваме дека ќе има многу голови. Ова се нашите 4 предлози.

Голови на неделата

Погледнете го редовниот преглед и изборот на TVGOLO од најдобрите 10 голови во изминатите 7 денови.

Нова победа на Антиќ во Евролигата

Перо Антиќ прослави важна победа во осмото коло од Евролигата. Олимпијакос ја совлада шпанската екипа Каха Лаборал со 82:74 за четврто место во групата Ф.

МЗТ немоќен против лидерот Игокеа

Со речиси постојана контрола во играта и резултатот, најефикасниот тим во АБА регионалната лига по втор пат го порази нашиот претставник МЗТ Скопје со 81:77. Тимот од Аеродром има учинок од 11 победи и 11 порази во јадранското натпреварување.