21 годишниот Франка чие целосно име му е Велнгтон Вилди Муниз дос Сантос во зимскиот преоден рок го засили Хановер за сума 1,3 милиони евра, но во објавувањето на информацијата за новото засилување, еден важен детал го зачудил тренерот Мирко Сломка.
Спортскиот директор на клубот Јорг Шмадке при претставувањето на бразилецот изјавил дека Франка е висок 190см, тежок 88кг, а тоа со тоа одбраната на Хановер ќе добие силен и висок играч.
Но на тренинзите тренерот Сломка кога забележал дека Франка не е доминантен во скоковите, забележал дека тој не е толку висок колку што се очекувале. Неговата висина всушност била 181см. Ваквиот пропуст не му се допаднал на Сломка на кој му било речено дека висината на новиот играч е 190см.
Тука не завршува сагата околу надежниот дефанзивец на Хановер. Најновата вест од Германија е дека Франка боледува од туберколоза и неколку месеци нема да биде во составот.
„Болеста се открива четири месеци откако ќе се појави инфекцијата, а инаку само во 10 проценти од случаите инфекцијата од турбеколоза ризултира со болест", изјави директорот на одделот за третмани на заболени од турбеколоза во Хановер, Хелга Уден.
Франка пристигна во Германија на 11 јануари, но како и кога ја добил туберколозата останува нејасно. Според тврдењата на доктор Уден околу болеста, но и според првичните информациите на Бразилците дека Франка е висок 190см, очигледно дека во овој случај се работи за двојна измама.
Најважната работа на која треба да се израдува фудбалерот, но и управата на тимот е што според специлалистот по туберколоза, кариерата на фудбалерот не е под знак прашалник. По завршувањето на третманите Франка може повторно да биде од составот на Сломка и непречено да игра фудбал.