Нова победа на Антиќ во Евролигата

Перо Антиќ прослави важна победа во осмото коло од Евролигата. Олимпијакос ја совлада шпанската екипа Каха Лаборал со 82:74 за четврто место во групата Ф.

Актуелниот европски шампион, екипата на Олимпијакос водеше од самиот старт па се до крајот на натпреварот против Каха Лаборал.

На полувремето водството на Олимпијакос достигна до 14 поени и во второто полувреме екипата на Антиќ одржуваше двоцифрена предност.

На крајот Олимпијакос славеше со 82:74 за превземање на четвртата позиција во групата Ф со скор од 5 победи и 3 порази.

Перо Антиќ помина скоро 18 минути на паркетот и имаше солиден учинок од 8 поени и 2 скокови.

22 февруари 2013 - 22:31