Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Федерер доби крава

Организаторите на турнирот во Гштад решија да му се заблагодарат за учеството на Роџер Федер со еден подарок - крава. Ова не е прва крава која тие му ја подаруваат.

Јувентус во ЛШ ќари повеќе и од освојувачот

И додека македонските клубови редовно испаѓаат по првите натпревари и се задоволуваат со „ситнишот", европските гиганти ги пребројуваат сериозните суми од вкупно 904,6 милиони евра кои ги инкасираа од Лигата на шампиони.

Не ја менувајте никогаш историјата на клубот

Навивачите на Штутгарт водеа долга и исцрпувачка битка за да си го вратат едно од старите бележја на клубот кој потекнува уште од оформувањето, а тоа е логото. На крајот упорноста им се исплатеше, а моментот го доживеаа еуфорично.

“Големиот верник“ Сисе сликнат во казино

Напаѓачот на Њукасл кој тврдеше дека од верски причини не може да го носи дресот со новиот спонзор "си го погази" зборот пред клубот и навивачите.

Голманите не ги бива за тренери

Анализата на листата на најдобри фудбалски тренери на сите времиња вели дека само еден од Топ 50 тренери додека се уште бил активен на терените бил голман. Најдобро во тренерскиот занает се снаоѓаат оние што играле во среден ред.

Новиот дом на рагбистите од Алабама

Универзитетот Алабама потроши 9 милиони долари за реновирање на просториите на нивниот рагби тим и го доби најмодерниот тренинг центар и објект на кој би му позавиделе сите спортски екипи од светот.

Руни во стилот на навивачот од Виетнам

Пред само неколку дена страствен навивач на Арсенал од Виетнам трчаше 5 километри по автобусот каде се возеа „Топџиите“, а потоа доби можност да се повози и да се слика со неговите идоли. Оваа случка за брзо време стана инспирација за реклама.

Голчиштето на Меирелеш

Раул Меирелеш постигна прекрасен погодок со вистински проектил во финишот од натпреварот против азербејџанскиот клуб Хазар Ланкаран чиј тренер е нашиот поранешен селектор Џон Тошак, а таму настапува и Никола Глигоров.

Фудбалерките на Либија ќе пропуштат турнир поради тероризам

Иако по падот на Гадафи женската фудбалска селекција на Либија се понадева дека повеќе ќе се социјализира, тие се уште пропуштаат многу фудбалски натпреварувања поради закани од исламските екстремисти.

Кој е Херардо Мартино?

И по Тито - Тата. Барселона добива нов тренер. Наследник на Тито Виланова е Аргентинецот „Тата“ Херардо Мартино, легендата на Њуелс Олд Бојс и ученик на лудакот Марсело Биелса.

Лежечки жив ѕид

Адилсон Батиста, тренерот на бразилскиот клуб Фигуеиренсе, смисли нов начин на спречување на опасни шутери, па покрај шестмината фудбалери во живиот ѕид, постави и еден во лежечка позиција за блокирање на ударите по земја.

Кладилниците “го селат“ Ибра во куќата на Марадона

По продажбата на Кавани во ПСЖ во медиумите се вртат неколку имиња за негов наследник во нападот на Наполи кој би му бил партнер на Горан Пандев. Еден од нив е и Златан Ибрахимовиќ за кој во кладилниците може да се кладите која зона ќе ја избере како живеалиште во Неапол.

Најлудото фудбалско друштво од Англија

Џон Фашану, Дејв Бесан, Денис Вајс, Вини Џонс и Лори Санчез се петмината фудбалери кои на почетокот на 80-тите и крајот на 90-тите на посебен начин се издвиле во Премиер лигата. Биле познати поради тимскиот дух, но и грубата игра, а го носеле прекарот „Лудото друштво".

Голман даде гол од 90 метри

Не дека имаше намера, туку дека колегата од спротивната страна е смотан, па голманот на корејскиот клуб Инчеон Јунајтед, Јунг-Хјук Квон се запиша во листата на стрелци.

66 години ФК Вардар

Датумот 22 јули 1947 засекогаш со златни букви ќе биде запишан во македонската фудбалска историја. На овој датум со фузија помеѓу тогашните фудбалски клубови Победа и Македонија, се роди македонскиот фудбалски великан, ФК Вардар.

Бадминтон хулигани

Сме виделе тепачки во скоро сите спортови, па редно беше да видиме една и на бадминтон. Двајца Тајланѓани кои на Олимписките игри настапуваа заедно, се степаа на бадминтон првенството во Канада, а едниот од нив заврши со два конци за исекотина на увото.

Родителите на Коби му ги продадоа трофеите

Предметите кои беа ставени на аукција од страна на семејството на Коби Брајант заради што тој беше приморан да ја тужи својата мајка, беа продадени за околу пола милион долари.

Џокерот на Клинсман погоди за 14 секунди

Селекцијата на САД предводена од германскиот стратег Јурген Клинсман славеше со високи 5:1 над Ел Салвадор на Голден Купот, а моментот на мечот е влезот на фудбалерот Еди Џонсон кој немаше време ниту да се загрее и ја израдува публиката за само 14 секунди.

Трагичен викенд во јужноамериканскиот фудбал

Два немили настани го одбележаа овој спортски викенд во Перу и Аргентина каде починаа еден фудбалер и двајца навивачи.

Ѓаволот на Тур де Франс

Дури и да немате изгледано ниту една етапа на било која велосипедска трка, сигурно некаде сте налетале на слика од брадест ѓавол како скока околу велоспедистите. Тоа е Диди Сенфт, еден од најпознатите спортски фанови на планетата и неофицијалан маскот на Тур де Франс.

Тројна утка

Дури тројца фудбалери на бразилскиот нисколигаш Акриано беа пред противничкиот голман, но ниту еден не ја погоди мрежата.

Бебе бега од долгови криејќи се во багажник

Наплатувачи на долгови го посетиле тренинг центарот на Манчестер Јунајтед барајќи го португалскиот напаѓач Бебе, а тој им избегал криејќи се во багажник од автомобил на соиграч.

Анчелоти го заборави англискиот

Не е само Жозе Мурињо махер за привлекување внимание на средбите со новинарите. Неговиот наследник Карло Анчелоти ги насмеа сите во прес центарот со симпатичен одговор дека почнал да учи шпански јазик и повеќе не го разбира англискиот.

Нацистот од Манчестер Сити кој доби орден од англиската кралица

Кога војникот од Германија Берт Траутман почнал да брани за екипата на Манчестер Сити во 1949 година, 20.000 англичани протестирале против него. Но само еден натпревар го сменил неговиот живот, а потоа бил возвишуван како најголем спортист во британскиот спорт. Почина синоќа на 89 годишна возраст.