Пред само неколку дена страствен навивач на Арсенал од Виетнам трчаше 5 километри по автобусот каде се возеа „Топџиите“, а потоа доби можност да се повози и да се слика со неговите идоли. Оваа случка за брзо време стана инспирација за реклама.
Кладилницата Корал го искористи моментот со навивачот од Виетнам, а во главна улога го стави Вејн Руни за кој деновиве се пишува дека можно е да го напушти Олд Трафорд и да премине во Челси. Рекламата им е навистина успешна и комична.