Папис Сисе кој и припаѓа на исламската вероисповед беше еден од четворицата фудбалери на Њукасл кои не се израдуваа на минатогодишното потпишување на спонзорот „Вонга" со образложение дека според верувањата на неговата вера, не смее да промовира фирми со такви дејности.
Но на Твитер осамна фотографија со него која ја сликнал навивач и кој бил сведок како Сенегалецот се коцка со банкноти од 10 и 20 фунти, а со тоа Сисе освен што си ја прекршува верата, излегува и голем лажго пред раководството на клубот.
„Сликата е направена во првата недела од Ноември кога патувавме на меч од Лигата на Европа. Тој ми рече дека одлуката на тренерот била да не настапи на тој меч. Случката ја заборавив се додека не се случи тоа со спонзорот „Вонга", а потоа сликата ја објави мој пријател која за кратко време се рашири на социјалните мрежи", вели навивачот.
Сисе им предложи на челниците на клубот да носи дрес без името на спонзорот или со назив на некоја хуманитарна организација но клубот го одби тој предлог, а поради истите причини не отпатува на турнеја со своите колеги.
Интересно е што еден од вработените тврдел дека Сисе е редовен посетител во казиното кој дури и организирал настани за хуманитарни цели.