Белата и црвената се "светите" бои на бундеслигашот Штутгарт уште од далечната 1912 година и со таквиот изглед се препознатливи насекаде низ светот. Но додека боите на дресот со кои се идентификуваше клубот еден век остануваа исти, логото им се смени неколку пати низ годините.
Чекор по чекор по 1994 година изгледот на нивниот симбол се промени почнувајќи од роговите кои беа деформирани па се до бројот 1893, годината на оформување на клубот, а беа и избришани и буквите VfB пред називот на клубот и заменети само со името на градот Штутгарт.
Ваквата одлука раководните луѓе ја правдаа со причините дека клубот само под називот Штутгарт ќе бил попрепознатилв на азискиот пазар, а тоа ќе придонело за поголема популаризација и во тој крај како и поголем економски развој.
Штутгарт потоа бележеше многу важни резултати за својата историја како освојување на националниот Куп во 1997 година, постоа трофејот во Купот на куповите на победниците во 1998 година и петта шампионска титула во Бундес Лигата во 2007 година.
За навивачите тоа претставуваше огромно задоволство и радост но и покрај тоа што прославувале неколку трофеи тие се чуствувале како на нивниот клуб некој да им откинал дел од историјата па целосно се посветија за да си го вратат назад.
Навивачите на Штутгарт собраа голем број на потписи и поднесоа иницијатива до клубот да се врати старото лого затоа што со него тимот стигнал до првата шампионска титула и тоа претставувало од големо значење за потеклото и историјатот на клубот.
Раководството на Штутгарт одлучи изборот на логото да се прави по пат на гласање, а упорноста на навивачите се исплатеше затоа што дури 80% од гласовите го одбраа старото лого. Доказ за тоа колку им е важна традицијата на навивачите кои не даваат да се избрише е следното видео.