Родителите на Коби му ги продадоа трофеите

Предметите кои беа ставени на аукција од страна на семејството на Коби Брајант заради што тој беше приморан да ја тужи својата мајка, беа продадени за околу пола милион долари.

Коби Брајант веќе долго време води спор со своето семејство откако неговата мајка се обиде да ги продаде неговите сувенири, а во јуни тие постигнаа спогодба. Според шпекулациите на медиумите, на неговото семејство им било дозволено да продадат само 10% од предметите, но сепак заработиле околу половина милион долари.

Реплики на шампионските прстени кои Коби им ги има изработено на неговите родители се продадени за 282.337 долари.

Ол стар дресот од 2000-та година е продаден за 55.597 долари, а два дреса од неговите средношколски денови се продадени за по 50.150 и 41.694 долари.

На аукцијата се продадени уште неколку предмети меѓу кои и уште еден дрес од Лејкерс кој Коби го носел на натпревар, на кој неговото семејство заработи 7.938 долари.

22 јули 2013 - 14:10