Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Бекам потпиша за Арсенал

Синот на славниот пензиониран фудбалер тргна по стапките на својот татко, а првиот договор го потпиша со „Топџиите".

Премиерлигата конечно во пресрет на навивачите

Како поткрепа на новите рекорди во продажба на билети во англискиот фудбал за кои пишувавме вчера, стигна најновото истражување од островот според кое цените за гледање фудбал паднале за 2,4% во првите четири лиги.

Аут на денот

16-годишниот средношколец од САД, Ренди Гордон со помош на противничкиот голман го постигна најлудиот гол што ќе го видите денес.

Масовни апсења на чешки местачи

Чешката полиција соопшти дека во текот на вчерашниот ден се уапсени десетина фудбалери кои учествувале во наместени натпревари.

Англичаните растураат со продажба на билети

И покрај тоа што Премиер лигата е позната по скапите влезници, бројките од минатата сезона носат нов рекорд на продажба, а тоа се должи најмногу на специјалните промоции на клубовите кои нудат посебни цени за фамилијарно следење фудбал, како и за најмладите.

Рагбистите кои напаѓаат на незгодни места

Рагби ѕвездата од Австралија, Ентони Вотс кој е познат како доста немирен спортист ќе паузира долго време поради ќотекот кој му го удри на еден од противничките играчи.

Орање бавча одблизу

Што да се каже за видеово. Можеби е најдобар показател зошто аргентинскиот волшебник четири пати по ред е прогласуван за најдобар фудбалер на планетата. Вреди да потрошите нецели 6 минути и да видите од најблиските камери како Меси им вади душа на противниците. Неверојатно.

Клубовите одбија пократок трансфер период

Европските фудбалски клубови одбиваат да го прифатат предлогот на УЕФА за кратење на летниот трансфер период, но се надеваат дека ќе се најде лек за проблемот со трансферите на фудбалерите во лигите кои веќе се започнати.

Италијанските клубови летово добро мереле на вага

Познатиот италијански медиум „Скај спорт" на интересен начин го стокми конечниот пазар на најголемите екипи од Серија А. На кантар се измерени играчите кои дошле и заминале, а освен Лацио сите други тимови се покажале како добри пазарџии.

Корнери за фаќање сеир

Неодамна бразилскиот фудбалер Дуду Каренсе не успеа да се снајде на водениот терен и да упати центар шут од корнер. Но тоа не е ништо. Погледнете со каков “фаул“ од корнер знаменцето се соочи ерменски фудбалер на синоќешните квалификации. Како повод за неговиот епски корнер ви ја претставуваме листата со 10 слични несреќници.

А каде е Томе?

Фудбалерите на Македонија и Шкотска беа подготвени за почетокот на второто полувреме, судијата даде знак и нашите тргнаа, без никој да примети дека некој фали. Нашите малку се преценија и сакаа да им попуштат на Шкотите па во второ полувреме да им играме без голманот Томе Пачовски.

Вакви преноси сакаме!

Ни требаат само уште спортисти кои ќе не израдуваат и малку „поживи“ коментатори како босанските. Да не знаеш дали е полуд фудбалскиот или кошаркарскиот коментатор.

Започнува втората фаза од Евробаскет 2013

По кратката пауза, денес почнува втората рунда од Европското кошаркарско првенство во Словенија со натпреварите од групата Е.

Американците ги преплавија кошаркарските репрезентации

Денес продолжуваат натпреварите од втората фаза на Европското кошаркарско првенство во Словенија каде во моментов најдобар стрелец е Швеѓанецот Џефри Тејлор, петти е нашиот Бо Мекејлеб, одличен беше и Црнегорецот Тајрис Рајс...

Шон Малони ја замолче арената „Филип Втори“

Македонската фудбалска репрезентација со пораз од 2:1 ги завршува домашните квалификациски настапи за Светското првенство во Бразил. Играчот од средниот ред на Виган, Малони со мајсторски гол од слободен удар во 89 минута им ја донесе радоста на Шкотланѓаните.

Фејсбук го потврдува фудбалот како најпопуларен спорт во светот

Љубителите на спортот и интернетот будно ги следат сите потези на своите идоли на социјалните мрежи каде се и сешто може да дознаат или да видат со нив. Токму тој број на фанови кои го имаат на Фејсбук, покажува кој ја има најголемата слава.

Уште еден имитатор на Блажевски

Не дека фудбалерот на Турново, Дејан Блажевски е еден од ретките кои успеал да постигне гол со ножички, но не паметиме кога друг пат играч во македонско првенство направил таква мајсторија. Затоа и следниов јунак кој збрца таков погодок го споредуваме со наш Дејан, а ни доаѓа од младинскиот погон на Валенсија.

Реал Мадрид на врвот на фудбалските богаташи

Според анализите на магазинот Форбс, вредноста на Реал Мадрид достигна 3,4 милијарди долари со што „Кралевите" се највреден фудбалски клуб на планетата.

Иднината на баскетот

Технологијата се подлабоко навлегува во спортот, па ништо чудно многу наскоро баскетите да изгледаат како од проектов на Кикстартер. Наш предлог до Македонската кошаркарска федерација - нарачувајте ги веднаш штом ќе излезат во продажба за да наоштриме малку шутот пред квалификациите за ЕП во Украина.

Полн плен со Шкотска за подобар пласман

Македонската фудбалска репрезентација доколку оствари втора победа во низа има реални шанси за борба за третото место. По триумфот над селекцијата на Велс која ја совладавме со 2:1, вечерва на „Филип Втори" по четврти пад се среќаваме со оваа островска земја.

Маратонскиот поен на Надал и Ѓоковиќ

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ одиграа уште една тениска класика на финалето на УС Опен, а најинтересниот момент од мечот се случи во вториот сет кога Новак направи брејк со поен по разменети 54 удари.