Ромео Бекам кој има 10 години стана член на младинската академија на Арсенал, односно за неговиот омилен клуб за кој навива. Со оглед на тоа што Арсен Венгер е махер за откривање на млади таленти, можеби за некоја година токму малиот Бекам ќе биде еден од големите изненадувања на „Емирати".
Иако е многу млад тој по се изгледа лесно ќе се пробива и во модниот свет исто како татко му, затоа што веќе има потпишано договор со модната куќа „Барбери".
Ќе мора да почекаме неколку години за да видиме дали Ромео Бекам ќе биде новата фудбалско-модна икона во неговата фамилија исто како Дејвид, кој успеа во САД да потпише 5 годишен договор вреден 250 милиони долари со тимот на Лос Анџелес Галакси.