А каде е Томе?

Фудбалерите на Македонија и Шкотска беа подготвени за почетокот на второто полувреме, судијата даде знак и нашите тргнаа, без никој да примети дека некој фали. Нашите малку се преценија и сакаа да им попуштат на Шкотите па во второ полувреме да им играме без голманот Томе Пачовски.