Истрагата која чешката полиција ја спроведуваше неколку недели, кулминираше со апсење на десетина фудбалери кои се осомничени дека местеле натпревари.
Повеќето од фудбалерите се од пониските лиги, но има и членови на клубови од првата чешка лига. Чешката фудбалска федерација се уште не ги соопштува имињата на фудбалерите.
Претседателот на прволигашот Теплице изјави дека неколку нивни играчи се под истрага, но не соопшти повеќе детали. Тој пред неколку недели изрази сомнеж во чесноста на неговите фудбалери.