Снимките покажуваа како Вотс по еден дуел почнува со тупаници да удира еден од противниците и тоа онаму каде што најмногу боли, а тоа ќе го чини суспензија од 8 меча во австралиската лига во рагби. За високата казна тој најавува дека ќе поднесе жалба.
Проблематичниот Вотс кој настапува за екипата на Тугун не реагира вака неспортски прв пат во својат кариера. Пред две години поради дисциплински мерки беше исфрлен од тимот на Сиднеј Ростер.
Во 2002 година поради сличен инцидент со казна од 10 меча се соочи Питер Филандија кој му ги повреди тестисите на противникот, а една година претходно Џон Хопот доби отказ од Вестс Тајгерс затоа што му бутна прст на еден од соиграчите онаму каде што не треба.