Финансиските резултати објавени од страна на Реал Мадрид покажуваат дека во сезоната 2012/13 нивниот приход пораснал за 5,5% и достигнал 686 милиони долари. Реал Мадрид и Барселона се единствените спортски клубови кои оствариле годишен приход повисок од 600 милиони долари.
Математиките на Форбс велат дека Реал Мадрид во моментов вреди рекордни 3,4 милијарди долари, односно нивната вредност порасна за 100 милиони од април оваа година.
Веднаш зад нив е Манчестер Јунајте чија вредност не може да се пресмета точно затоа што тие се уште ги немаат објавено резултатите за 2012/13. Во третиот квартал тие оствариле приход од 143 милиони долари, па претпоставките се дека оваа сезона ќе нивниот приход ќе изнесува 554 милиони долари. Со овие бројки Реал Мадрид ќе ја задржи лидерската позиција на листата на фудбалските богаташи.