Претседателот на УЕФА, Мишел Платини неодамна изјави дека „нешто мора да се промени" за да се реши еден од поголемите проблеми на фудбалот, но челниците на Европска клупска асоцијација во која членуваат 214 клубови, не се убедени дека кратењето на трансфер периодот е најдоброто решение.
„Наши извори од УЕФА не информираа дека тие интерно разговараат за оваа тема, но ние треба добро да го проучиме проблемот затоа што ќе има сериозно влијание на нашето делување. Го разбирам ставот на тренерите затоа што тие сакаат да имаат јасна ситуација, но од друга страна ние мора да се обидеме да го најдеме најдоброто решение за клубовите. Уверен сум дека ќе најдеме заедничка позиција", изјави претседателот на Асоцијацијата, Карл-Хајнц Румениге.
Извршниот директор Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге беше реизбран за претседател на Европската клупска асоцијација на собранието на кое учествуваа претставници на 167 клубови и беа примени нови 19 членови.
Во Асоцијацијата на европските клубови членуваат Вардар и Работнички.