Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Малезискиот малер не го виде Евертон

Еден навивач на Евертон од Малезија кој 30 години навива за клубот, го помина пола свет и пристигна во Англија за прв пат во својот живот да ги гледа своите миленици, но натпреварот со Кристал Палас му го одложија заради невреме.

Ударите со глава може да бидат кобни за фудбалерите

За оваа тешка тема која се однесува на оштетувањата на мозокот кај спортистите пишувавме кога се случи големата трагедија со американскиот рагбист. Научници од Бостон тогаш обелоденија шокантни истражувања кои сега ги дознаваме и за фудбалерите.

Ако во Сочи се јадеше грав

Време е за малку смеење на Олимписките игри. Пуштете ги звучниците посилно и дајте му златен медал на монтажерот за ова одлично синхронизирано видео.

Се метнал на татко му

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Енди Кол си има свој наследник, а тоа е неговиот 18 годишен син Девант кој е дел од младинскиот тим на Манчестер Сити. Минатото лето Кол Јуниор доби повик од Мануел Пелегрини и патуваше со првиот тим на турнеја во Јужна Африка.

Најопасниот спорт во Сочи одблизу

Традиционалниот зимски спорт од ОИ санкање, дефинитивно е најопасен по животот на натпреварувачите. Погледнете ја оваа “брза“ минута каде при неверојатни 130км час нема чаре ако нешто тргне наопаку.

Колку спортисти стануваат професионалци?

Американците пресметаат колкави се шансите на еден средношколец да стане професионален спортист. Одбери пол и клик на спортот за да видиш колкава е конкуренцијата.

Малер на месецот

Наш читател кој ги погоди точните резултати на три натпревари, остана без добивка од преку 8.400 евра само заради еден гол.

Дресови од фудбалската репрезентација за најдобрите типстери

Од овој месец на махерите од Типстер ќе им подаруваме оригинални дресови од македонската фудбалска репрезентација.

Одбрана на годината

Пожртвуваниот Луис Карлос Ариас од колумбискиот клуб Санта Фе на два пати го спаси својот гол од налетите на фудбалерите од парагвајскиот Насионал Асунсион во Копа Либертадорс. Тоа што ја прави оваа вест посебна е фактот што Луис не е голман.

Тренерот Зоран и неговите африкански тигри

По 50 години цивилна војна, Јужен Судан стана независна држава која има желба да се докаже и на фудбалска сцена со формирање на национален тим. Човекот задолжен за оваа работа е една српска легенда - Зоран Ѓорѓевиќ, а БиБиСи дури сними и филм.

Филипинецот кој ја заложи куќата за да стигне до Сочи

Првиот Филипинец на Зимски Олимписки игри кој тренира уметничко лизгање на имповизирано лизгалиште во подрум на трговски центар, бил приморан да ја заложи куќата на мајка му за да го исполни својот сон во Сочи.

Само поради детска шега се збогуваше со „Камп Ноу“

Сенегалецот со шпански пасош Кеита Балде, кој викендов дебитираше на римското дерби како најмлад играч со само 18 години, почна да се кали во фудбалската академија во Барселона. Но само поради една глупост направена надвор од терените, клубот реши да го отстрани.

Најбрзиот гол во Нов Зеланд

Еден од најбрзите голови во историјата на фудбалот се случи во Нов Зеланд и тоа на натпревар за играчи до 19 години. По првиот свиреж на судијата топката се најде во гол за само 3,8 секунди.

Островот кој е снабдувач на карлинг оди на продажба

За „Ailsa Craig“  на шега велат дека е единствениот остров кој има освоено златен медал. Од него се набавуваат камења кои се преработуваат и се користат за карлинг и на Олимписките игри во Сочи.

Трибините зјаат празни во Сочи

И покрај тоа што организаторите велат дека 92% од влезниците се распродадени, сликите од празните седиште на спортските борилишта во Сочи го тврдат спротивното.

Барса официјално влегува во Македонија

Нашата земја и официјално ќе стане дел од големото семејство на каталонскиот гигант со регистрирањето на здружението на поддржувачи на ФК Барселона во Македонија.

Голман во Египет бранеше со туѓ дрес

Ваков случај мислевме дека може да се толерира само во маалски турнир, но пројде и во првата лига во Египет.

Дамјановски 78-ми во спринт

Дарко Дамјановски е првиот Македонец што настапи на Зимските Олимписки игри во Сочи. Претпладнево тој на квалификациите во дисциплината спринт заврши на 78-та позиција од 86 натпреварувачи.

Кога ја рога Боканегра

Обично голманите служат за да ја зачуваат својата мрежа, но некои знаат и да ја затресат противничката. Голманот Боканегра од шпанскиот нисколигаш Ла Рода успеа да го совлада колегата од спротивната страна, а топката не ни тапна на терен пред да ја помине гол-линијата.

Што е со ѓубрето на дното од ски скокалниците?

Ако ги гледате ски скоковите на Зимските Олимписки игри во Сочи или четирите скокалници, сигурно се прашувавте зошто на дното од ски скокалниците има треви и ѓубре? Постои многу добро објаснување.

Офсајд лик на денот: Виоланти

Прославувањето на гол понекогаш може да биде и поинтересно од самиот погодок, но некои фудбалери знаат и да претераат.

Типстерите паднаа на ПСЖ, Рома и Сити

Наполи, Барса, Интер, Реал Мадрид и Шалке ова коло ги спасија типстерите кои најмногу губеа на натпреварите кои беа понудени во Супер сингл со зголемени коефициенти и двојно поголема уплата.

Зошто плачеше Балотели?

Контроверзниот италијански напаѓач доволно е само да прдне и веднаш ќе им ги наполни страниците на весниците и таблоидите кои едвај чекаат нешто такво за на насловна. Марио Балотели синоќа заплака на клупата, но првичните причини за тоа беа фарса.

Тулио ги стигна Пеле и Ромарио

Минатата година пишувавме за бразилскиот ветеран Тулио Маравиља чиј детски сон е да се постигне 1000 голови во кариерата. По повеќе од 5 месеци за време на кои беше заглавен на бројката од 999, бразилскиот ветеран го оствари големиот јубилеј.