Offside

Во Германија со месеци се дискутира проблематиката со инфлуенсери и влогери на стадионите а сега прв реагираше Динамо Дрезден, култниот клуб од источна Германија кој презема мерки со цел да се сузбие злоупотребата на права.

SISTINA преку одбрана до победа над Општина Карпош

Комплетирано е десеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија.

Реал го растури Шалке, реми во Истанбул

На Реал Мадрид не му пречеше лошата традиција и го растури Шалке во Германија, а Челси се извлече од истанбулскиот пекол на последните два натпревари од осминафиналето во Лигата на шампиони.

Клади се на отказот на Мојс

По последниот неуспех на Манчестер Јунајтед со поразот на гостувањето кај Олимпијакос во Лигата на шампиони, коефициентот на отказот на Дејвид Мојс почна драстично да паѓа.

Голчиште по 1.256 минути

Голманот на Селтик, Фрејзер Фостер постави рекорд откако немаше примено гол на 13 натпревари, односно 1.256, а неговата неверојатна серија заврши на натпреварот против Абердин и тоа со ремек-делото на Џонатан Хејс.

Бошко Ѓуровски го објави списокот за мечот со Летонија

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација со неколку новитети во тимот ќе дебитира на пријателскиот меч против Летонија кој е закажан за 5 март на арената „Филип Втори" во Скопје.

Парма делеше правосмукалки наместо знаменца

Играчите на Фиорентина пред дуелот со Парма беа изненадени со невообичаени подароци.

Челси во турскиот пекол, Реал против германската традиција

Со вечерашните два дуела од Лигата на шампионите ќе се комплетира првата рунда во осминафиналето. Дидие Дрогба ќе го нагости својот омилен тренер, а Кралевите ќе се обидат да го подобрат скорот против германските противници на гостински терен.

Навивач замени судија и во Шпанија

Пред неколку недели еден гледач се симна од трибини за да замени повреден судија во Шкотска, а викендов истото се случи и во Шпанија.

Ледените подготовки на Валеренга

Фудбалерите кои работеле со Феликс Магат се жалат на „пеколните" тренинзи, но имаат среќа што не им е тренер Кјетил Рекдал од норвешкиот клуб Валеренга кој применува ледени тактики.

Montenegro експресно против МЕПСО

Одиграни се уште три натпревари од првото коло во втората полусезона на Бизнис Лигата на Македонија.

Олимпијакос го прекина постот на домаќините

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед добија шлаканица на гостувањето во Грција и со негатива од 2:0 ќе го пречекаат противникот на реваншот. На дуелот во Санкт Петерсбург минатогодишниот финалист Борусија Дортмунд беше немилосрден против Зенит.

Гигс и двете генерации на семејството Инс

Легендата на Манчестер Јунајтед кој почна да игра фудбал во минатиот милениум никако да се донаигра. Тој има повеќе стаж и од Премиер лигата која го носи овој назив од 1992 година. За време на неговата долга кариера во некои фамилии фудбалот почна да оди на колено на колено.

Од каде ви е позната играва?

Хановер против Баерн, пресинг 4 на 4. Прецизност, знаење, атракција, искуство. Сето ова во комбинација со тренер кој дојде од Барселона.

Одложена ТВ снимка заради многу пцуење на стадион

Се гледа дека БиБиСи никогаш не снимале спортски настан во Кавадарци, па на натпревар од шкотската лига им се слушнало премногу пцуење и морале да ја одложат ТВ снимката.

Јунајтед и Борусија во обид да ја продолжат гостинската доминација

Осминафиналните битки во Лигата на шампионите продолжуваат со вечерашните два дуела на кои Германците раните од шокантниот пораз во првенството ќе ги лечат во Русија, додека „Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да ја одржат доминацијата против екипите од Грција.

Вардар со европскиот шампион, Металург против Колдинг

Во седиштето на ЕХФ во Виена, нашите два претставника во Лигата на шампионите ги добија противниците во осминафиналната фаза. Вардарци ја имаа најтешката ждрепка против Хамбург, додека на тимот од Автокоманда им се падна најпосакуваниот противник.

Женски ракометен проектил

Швеѓанката Марија Адлер која настапува за данскиот клуб Оденсе го постигна најдобриот гол на сезоната во женскиот ракомет.

Офсајд голмани на денот

Не можевме да одлучиме кој повеќе го заслужува нашето признание за офсајд лик на денот, па решивме да го поделиме и да им го доделиме на еден голман од Франција и еден негов полски колега во Азербејџан.

Неколку факти за медалите во Сочи

Зимските Олимписки игри во Сочи завршија во неделата и имавме доволно време за сумирање на резултатите. Ова се заклучоците.

ЕВН во тензична игра го совлада ArcelorMittal

Стартуваше втората полусезона од Бизнис Лигата на Македонија.

Контроверзното судење во корист на „Старата дама“

Синоќешното градско дерби во Торино кое го реши Карлос Тевез помина со неколку очигледни грешки на судиите кои го оштетија поразениот тим. Но за моќниот италијански првак ова не е прва судиска услуга, а тоа најдобро го покажува историјата.

Синхронизирани фристајл финти

Вакви нинџи сме објавувале и претходно, но овие знаат и некои егзибиции плус кои не ги изведуваат само по улици, туку и по кујни. Се работи за двајца бајаги навежбани момци од Полска.

Од љубов кон својот идол

Навивачката страст во Англија не познава граници, а најинтересните приказни за лојалните фанови доаѓаат од пониските лиги.

Рекордни уплати на Манчестер Јунајтед

Победата на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Кристал Палас ги израдува навивачите на актуелниот шампион, но и типстерите кои викендов вложија рекорден број кредити на нивниот триумф.