Џеко не ги заборава другарите од разрушеното маало

Откако постигна гол на натпреварот против Арсенал, Босанецот од редовите на Манчестер Сити со порака на својата маичка си ги поздрави другарите со кои како мал играл фудбал на улиците од разрушеното маало во Сараево.

Един Џеко имал 6 години кога започна војната во Босна и Херцеговина. Крвавиот конфликт зема 100.000 жртви, а помеѓу нив и многу соседи и пријатели на малиот Един.

Денес Џеко живее луксузен живот и заработува 120.000 фунти неделно, но тој никогаш не ги заборави пријателите со кои ги направил првите фудбалски чекори, шутирајќи ја топката низ разрушените улици на Сараево. Тој ги поздрави своите маалски пријателчиња со порака на маичката по постигнатиот гол на натпреварот со Арсенал.

14 јануари 2013 - 10:15