Едноставното момче со потекло од Аргентина
Фудбалерот на Парма на кој ова ќе му биде прво Светско првенство е роден во Аргентина, но неговите дедо и баба се од областа Калабрија која се наоѓа во Јужна Италија. 28 годишниот дефанзивец ја засили Парма од тимот на Ливерпул во 2010 година, а дебитираше за Италија во март оваа година на мечот против Шпанија. Тој ќе биде можеби единствениот италијански репрезентативец кој нема да внимава на модата во Бразил. „Јас сум едноставно момче, кое мрази тетоважи и обетки“, изјави Палета.
Тролањето на Бонучи
Фудбалерот на Јувентус ќе има многу причини за одмазда во Бразил. Минатата година на полуфиналниот дуел против Шпанија во рамките на Купот на Конфедерации тој го промаши клучниот удар од 11 метри, а потоа мораше да трпи многу сеирџиски фотки, како на пример монтирана топка која патуваше до месечината или рагби топката наместо фудбал поставена на белата точка.
Статуата на Балотели
За да ви направат статуа треба да бидете легенда или да оставите некој важен белег во кариерата со кој ќе го заслужите тоа. Марио не смета така, па самиот си побара бронзена статуа и тоа од познатиот италијански уметник Ливио Скарпела. Неговата е желба е моментот кога ги стега мускулите по голот кој го постигна во полуфиналниот меч против Германија на ЕУРО 2012.
Германски корени
Пред неколку дена Рикардо Монтоливо се здоби со тешка повреда поради која ќе го пропушти Мундијалот и ќе мора да паузира шест месеци. Слободното време ќе го искористи за одмор во Германија од каде потекнува неговата мајка. На едната копачка фудбалерот на Милан го има италијанското, а на другата германското знаме, а секое лето поминува по неколку дена со своето семејство во близина на Хамбург. Кога настапуваше во Фиорентина, со Здравко Кузмановиќ кој има играно во Бундеслигата го користеше германскиот јазик.
Тајната средба на Буфон
Го освои Мундијалот во 2006 година, а со 36 години се уште е најдобар италијански голман кој три години во низа ја слави и шампионската титула во Јувентус. Но искусниот Буфон не успеа да спречи само една важна работа, а тоа се папараците кои го уловија заедно со ТВ презентерката Иларија Д`Амико. И двајцата, кои инаку се во брак, тврдеа дека немало ништо меѓу нив, а неговата сопруга Алена Середова одлучи да побара развод.