Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Руско тинејџерско млатење

Вакви слични видеа со насилство сме објавувале повеќе пати, но не се сеќаваме на таков Брус Ли како момакот со бел дрес со број 12. Актерите се инаку младински фудбалери на екипите на Днепр Смоленск и Локомотив Москва.

Работнички - Вардар во 15:30 и Милан – Јувентус во 20:45

Скопско фудбалско дерби, натпревар од регионалната ракометна лига и многу фудбалски натпревари од најсилните првенства е денешната богата спортска саботна понуда која ви ја препорачуваме да ја следите.

10 години без Клаф, фудбалскиот Робин Худ

На 20.септември 2004-та почина еден од најголемите тренери во историјата на англискиот фудбал, а неговата животна приказна го инспирираше Дејвид Пис да напише книга за него.

УЕФА ќе воведе пауза во играта за тешко повредените играчи

Целта е да не се враќаат во игра фудбалерите кои ќе добијат потрес на мозокот.

Загревање со Вардар и Металург

Ракометната сезона 2014/2015 во Лигата на шампионите е на прагот. Актуелниот македонски шампион Металруг на 28 септември во „Борис Трајковски“ го пречекува ПСЖ, а Вардарци на 12 октомври против Рајн Некар-Левен ќе ја сефтосаат новата сала „Јане Сандански“. ЕХФ со кратки видеа не потсеќа на ланските возбудувања.

Македонија до Серија Д

Натпреварот од четвртата италијанска лига меѓу Мателика и Термоли го одбележаа (од наша гледна точка) гостинските навивачи, црвено-жолтите „Термолези“, кои во склад со клупските бои често веат и македонско знаме.

Карабах е тимот што игра само на гости

Азербејџанскиот фудбалски клуб Агдам Карабах за првпат во својата историја игра во Лига Европа, а вчера го „пречека“ Сент Етјен во Баку.

Арената Филип Втори не се најде меѓу домаќините за Европското

Како што и се очекуваше, Скопје и нашиот најголем стадион и покрај реновирањето, немаа капацитет да се борат во големата конкуренција за домаќини на континенталниот фудбалски собир во 2020 година.

Скопје отпаѓа, Лондон и Минхен се пазарат за ЕУРО 2020

Според пишувањата на Дојче Веле, главниот град на Македонија нема да се најде меѓу домаќините за Европското во фудбал, поради нестабилната политичка ситуација, слабата финансиска моќ и сиромашната кампања.

Европејците од НБА се враќаат во репрезентација

Откако го пропуштија Светското првенство во Шпанија, најголемите кошаркарски ѕвезди од Европа, ќе се обидат да обезбедат пласман на ОИ во Рио преку континенталниот шампионат следната година.

Шест месеци суспензија за скршениот нос на Мота

Скандалозниот настан во второто коло од Лига 1, фудбалерот на Бастија ќе го плати со неиграње фудбал до крајот на февруари.

Адеми убедлив со Динамо Загреб, Муарем ремизираше

Во првото коло од групната фаза на ЛЕ, македонските интернационалци имаа успешна вечер, откако Адеми го одигра целиот меч за „модрите“, а Муарем 80’ минути за Карабах.

Двајца наши претставници во поход на Лига Европа

По настапите на Пандев и Ибраими во најелитното клупско натпреварување, еден ранг подолу на европска сцена ќе се појават Ардијан Адеми и Муарем Муарем.

Кога навивачите на Звезда се поголеми Руси од Русите

На 5. септември Спартак Москва доби нов стадион, а на отворањето гостуваше белградска Црвена Звезда. Со нив дојдоа и Делиите.

Кристијано Роналдо е најголемата болка на Венгер

Интервјуто е напревено од чисто маркетиншки побуди, ама доаѓа со некои интересни прашања за Венгер. Прашањата му ги поставуваат блогери, твитерџии, славни личности и сл.

Навивач на кој му се одмили бејзболот

Сè што треба да направи наредниот пат пред на оди на стадион, е да побара совет од Зак.

1000 дена под „Ел Чоло“

Во само 2 месеци откако стана тренер на мадридскиот клуб, Аргентинецот загуби против Барса на дебито, па победуваше сè до крајот и ја освои Лигата на Европа.

Евертон – Волфсбург на МТВ 1

Десет фудбалски преноси од првото коло од Лига Европа е денешната спортска понуда на ТВ.

Одбојкарскиот феномен Иран

Репрезентацијата на азиската земја вечерва против Франција има прилика за првпат да влезе меѓу четирите најдобри одбојкарски селекции на светот.

Историски пад на македонската фудбалска репрезентација од 36 места

Најновото септемвриско рангирање на ФИФА нè смести во друштво на Грузија, Кенија, Намибија, Екваторска Гвинеја и Танзанија.

Гостински терен и гостински мајстори

Иако постигна 2 гола против Сао Пауло, Жоел од Коритиба ги пцуеше мајсторите кои работат на реновирањето на атлетската патека на стадионот.

Дунга го изостави Маикон и го викна Додо

Новиот селектор на Бразил, Карлос Дунга полека ја враќа селекцијата во нормала по дебаклот на СП 2014 и проблемите со Маикон.

Џабе ви се сите редари

Руската тифо сцена е позната по ферките со голи раце, а прав предизвик им се гостувањата. Овојпат правеа бељи на „Олимпико“ во Рим.