Многумина го познаваат, некој се сеќава на него, а друг ги знае книгата и филмот во чест на Брајан Клаф, тренерот кој палеше и гасеше на Островот во 70-те години како тренер на Дерби Каунти и Нотингем Форест.
Митот за „Проклетиот Јунајтед" датира од неговото превземање на Лидс, кога го заменува Дон Реви кој станал селектор на Англија. Омразата која Клаф ја чувствувал кон Лидс и лутиот непријател Реви се видела уште на првиот тренинг.
„Драги господа, пред да почнеме, сите медали и трофеи може да ги фрлите во канта, затоа што се освоени на валкан начин", им рекол Клаф на фудбалерите на Лидс при првата средба.
Атмосферата во екипата се нарушила, на 6 натпревари со Клаф на клупата, шампионот Лидс имал само една победа а три нерешени средби и три порази, така што управата на клубот го отпуштила по само 44 дена.
Тоа ќе биде можеби и круцијален момент во неговата кариера, затоа што во периодот од 1975-та па сe до 1993-та година, како тренер на Нотингем Форест, Брајан Клаф ќе освои 2 трофеи во Лигата на шампионите, 1 во Уефа Супер купот, 4 во Лига купот, 2 во ФА купот и 1 во Черити Шилд.
Двократното својување на Купот на Европските Шампиони (денешна ЛШ) на Нотингем Форест се смета за најголем подвиг во историјата на европскиот фудбал, затоа што англискиот клуб до тогаш не бил меѓу елитата во Европа. Форест во финалето ги победувал Малме и Хамбургер.
„Проклетиот Јунајтед" е насловот на филмот кој зборува за краткотрајната епизода на Клаф како тренер на Лидс Јунајтед и неговите успеси со Нотингем Форест.