Француската фудбалска федерација одлучи да го суспендира Брандао шест месеци за неспортскиот потег кој го направи по завршувањето на мечот меѓу ПСЖ и Бастија одигран на 16 август.
Во поттрибинскиот простор на „Паркот на Принцовите“ , Бразилецот со глава му го скрши носот на Тијаго Мота, а сето тоа го регистрираа камерите.
Раководството на ПСЖ побара доживотна суспензија, а имаше и шпекулации дека поранешниот фудбалер на Марсеј и Сент Етијен ќе се соочи со две годишна казна затвор.