Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Реми за Ибраими на дебито во ЛШ

Боатенг во последната минута му донесе три бода на Баерн во дербито против Манчестер Сити, Рома и Порто беа немилосрдни на домашен терен, а Шалке и Ајакс стигнаа до израмнување на дуелите со Челси и ПСЖ во втората ноќ од првото коло од ЛШ.

Се жртвувал за мачка и останал без кариера

Клише изјава на еден тренер на прес конференција е дека тој многу го респектира противникот и дека неговите играчи се подготвени да дадат максимум за да одат на победа. Во пресрет на вечерашниот дуел од ЛШ меѓу Рома и ЦСКА Мокска, рускиот стратег кажа нешто и за неговото минато.

Нов дриблинг од учебниците

Пауло Енрике Чагас де Лима познат како Гансо е авторот на оваа фора, слична на оние на Нејмар, Роналдињо и останатата банда која е израсната во Бразил со топка. Милан и Рома се само дел од европските екипи кои го посакуваат 24 годишниот член на Сао Паоло.

Агим Ибраими против лисабонските лавови

По вчерашното отворање, вечерва продолжуваат возбудувањата во натпреварите по групи од ЛШ, а нашиот репрезентативен напаѓач деби настапот во ова натпреварување ќе го има на домашен против Спортинг Лисабон. Мега дуел е пресметката во Минхен меѓу Баерн и Манчестер Сити.

Гледај ја топката, не живиот ѕид

Слободниот удар на Јапонциве е мозган на тренинг, како да се деконцентрира голманот. Тој непотребно гледа во играчите кои клечат и кои воопшто не влијаат на шутот.

Најтешкиот натпревар за Јонас Гутиерез

На поранешниот член на „гаучосите" и фудбалер на Њукасл му е откриен тумор на едниот тестис, по што мора да го напушти тимот и да замине на операција во Аргентина.

Баерн Минхен – Манчестер Сити на МТВ 1

Втората ноќ од прво коло од Лига на шампиони е главна тематика на денешната спортска понуда во која има голема дерби пресметка.

Лихштајнер удри каде што најмногу боли

На ова се пожали младиот Конате по вчерашниот дуел од Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Малме.

Што ја одбележа првата ноќ од ЛШ

Стартот од најелитното клупско европско натпреварување помина ефикасно со 23 голови на 8 меча, а формата ја покажаа голгетерите Тевез, Балотели, Бензема, Бејл, Имобиле. Од статистиката за издвојување е единствениот шут на Арсенал во рамките на голот на Борусија и јубилејниот гол на Реал Мадрид.

Референдум за збогум на британскиот спорт

Со делењето од Британија, Шкотска со себе ги собира сите спортисти кои до сега настапуваа во име на Обединетото кралство. Еве некои од најголемите британски спортски херои од Шкотска.

Јилмаз во 91 минута го спаси Галатасарај од пораз

Горан Пандев со новиот дрес одигра околу еден час во првото коло од ЛШ, Борусија Дортмунд ја доби дерби пресметката на колото, а Лудогорец секунди го делеа од бод на Енфилд Роуд каде мрежата ја начна Балотели. Олимпијакос му приреди изненадување на Атлетико, а Реал му се истури на Базел.

Новите прволигаши не сакаат странци

Додека фудбалските власти во најсилните екипи на континентот често се тепаат за бомбастични странски имиња, некои екипи трчаат по топката само со домашни играчи. Еибар, Барнли, Падерборн и Каен во елитата се приклучија претежно со деца од дома.

Наместо да брани на Бернабеу ќе се бори во ринг

Тим Визе нема повеќе конституција за да биде голман и слободно може да премине во кечери.

Сандро Рамирез е откритието на Луис Енрике

Крилниот напаѓач има 19 години, доаѓа од Лас Палмас и се прослави на дебитантскиот натпревар против Виљареал во Ла Лига.

Разликата меѓу Ливерпул и Лудогорец

Потекнуваат од градче колку Кичево, имаат стадион колку Тумбе кафе, летово потрошија за засилувањата 114 пати помалку од Ливерпул, а вечерва ќе дебитираат во Лигата на шампионите на Енфилд Роуд. За пласманот во групната фаза бугарскиот тим ќе земе 8,6 милиони евра.

Борусија Дортмунд – Арсенал на Арена Спорт 3

Од спорт на ТВ за денеска имате пет директни преноси од почетокот на групната фаза во Лигата на шампионите, како и настап на Кире Лазаров со Барселона.

Пандев го пречекува Андерлехт, а Дортмунд Арсенал во ЛШ

Стартува групната фаза од големиот фудбалски празник во кој ќе гледаме двајца наши играчи. Турската авантура во најелитното клупско европско натпреварување вечерва пред своите навивачи ќе ја започне Горан Пандев во Истанбул.

Бога повторно во елемент

Игра за тимот на Челси за играчи до 21 година, а во летните турнеи беше дел и од експедицијата на Мурињо која ја спаси од срамен пораз.

Премиер и Бундеслига со најполни стадиони, Серија А со најпразни

Цената на влезниците, инфраструктурата и пред сè (не)квалитетниот фудбал се причините поради кои одредени стадиони во најдобрите европски лиги се преполни, а некои се прозеваат празни.

Смени вера, 11 клубови и ќе заигра во Индија

Кој е при крај со кариерата последниот пар копачки нека го спрема за во Индија каде се ближи стартот на мини лигата. На познатите ветерани Дел Пјеро, Љунберг, Трезеге друштво ќе им прави и Николас Анелка кој нема одиграно натпревар 6 месеци.

Преглед со голови на Арена Спорт и Спортклуб

Понеделничката понуда на тв се состои само од фудбал. Три првенствени натпревари и голови од најсилните европски лиги.

Роналдињо мета на расистички испад на политичар

Бразилскиот фудбалер уште не дебитираше за својот нов клуб во Мексико, а веќе се соочи со расистички навреди.