Лихштајнер удри каде што најмногу боли

На ова се пожали младиот Конате по вчерашниот дуел од Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Малме.

Ѕвезда на синоќешната победа на италијанскиот шампион беше Карлос Тевез кој беше главна атракција пред камерите со два гола и танц посветен на неговите ќерки. Но тие не успеаа да го регистрираат болниот удар на кој се пожали 20 годишниот играч на гостите.

„Лихштајнер ме удри меѓу нозе, точно во интимниот дел. Тоа го докажуваат снимките како заедно лежиме на земја, а тој ме мава со бокс. Го прашав што по ѓаволите прави, а тој ме погледна и не ми рече ништо.

Конате најави одмазда на реваншот на сличен начин.

„Нема да ги употребам рацете, но може ќе го удрам со топка на исто место. По завршувањето на мечот дресот го заменив со Џовинко, тој е дете на место“, изјави фудбалерот на Малме.

17 септември 2014 - 12:29