Стефан Лихштајнер е еден од четворицата Швајцарци во мултиетничката селекција на Швајцарија во која се зборува на 10 јазици. Џердан Шаќири и Гранит Џака при прославата на головите против Србија гестикулираа со двоглавиот орел бидејќи по потекло се од Косово, ама па што има Лихштајнер со тоа? Ништо чудно и појма да нема што значи тој знак со рацете.