Стефан Лихштајнер оваа сезона е највредниот фудбалер во Лигата на шампионите. Тој ги одигра сите 12 натпревари, на терен мина 1.080 минути и истрча 135 километри или поточно 135.158 метри.
Според официјалните податоци на УЕФА, на втората и третата позиција исто така се играчи на Јуве. Џорџо Кјелини исто така со максимален број од 1.080 минути и истрчани 126 км. Зад него е Артуро Видал со 11 меча, 966 минути и 123 км.
Потоа следуваа Хуан Бернат (122 км) и Тони Крос (119 км), а на шесто и седмо место Маркизио кој за 907 минути истрчал 117 км и Бонучи кој за 1080 минути минал еден километар помалку.
Кристијано Роналдо сезонава ги одиграл сите 12 натпревари, на терен бил 1065 минути и истрчал 115 км. Неговиот клупски колега Варане истрчал 114 км, а на листата на топ 10 играчи со најголем број на истрчани километри е Карлос Тевез со 113 км.
Интересно е што и покрај бројот од максимални 12 меча до финале, кај другиот финалист во ЛШ играчите не трчале толку. Нејмар е играчот кај Барселона со најмногу 112 км, потоа е Алба со километар помалку.
Следува Маскерано со 109 км, а Меси е на 32. место со 12 одиграни меча, 1.057 минути на терен и 98 истрчани километри.