ГАЛАТАСАРАЈ - АНДЕРЛЕХТ
- Единствениот дуел меѓу овие два тима е одигран во сезоната 1976/77, кога во Купот на куповите белгискиот тим славеше со идентични 5-1 во двата натпревари;
- Минатата година, турскиот клуб загуби дома 6-1 од Реал Мадрид. По првите 4 натпревари без победа, Галата се врати во игра откако ги победи Копенхаген и Јувентус, по што се пласираше во следната рунда;
- Андерлехт лани заврши како 4. во групата, со само еден освоен бод против ПСЖ во Париз;
- Галатасарај загуби само три од последните 18 натпревари на домашен терен во Европа;
- Турскиот клуб има вкупно 13 учевства во елитното натпреварување, а ова ќе му биде трето во низа.
- Андерлехт против турските клубови има 5 победи, 2 нерешени средби и 3 порази. Белгијците во Турција 2 пати победиле, еднаш одиграле нерешено и 2 пати загубиле:
-Како Галата, така и Андерлехт, трет пат по ред ќе игра во групната фаза од ЛШ. Вкупно 11. пати играле во ЛШ;
- Во последните 9 гостински натпревари од Лигата на шампионите, Андерлехт има пет нерешени исходи и четири порази. Последен пат славеле против Бетис во Севиља, 2005/06;
БОРУСИЈА ДОРТМУНД - АРСЕНАЛ
- Двата тима се среќаваат по трет пат во последните четири сезони, а последниот дуел го добија „топџиите" во Германија пред 12 месеци (0-1), со голот на Ремзи;
- И Дортмунд и Арсенал минатата година завршија со 12 бода, колку што имаше и Наполи во истата група. Германците беа елиминирани во четвртфинале од Реал Мадрид, а Лондончани четврти пад по ред не успеваат да ја минат осминафиналната фаза.
- Годинешното учество ќе биде 10-то за Дортмунд во групната фаза од Лигата на шампионите. Титулата ја освоија во 1996/97, а пред две години загубија во финалето од Баерн.
- Минатогодишниот пораз од Арсенал беше прв пораз за Дортмунд на домашен терен против англиски противник. Претходно Борусија на „Сингум Идуна Арената" славела четири пати и три пати играла нерешено против клубови од Англија;
- Арсенал по 17-ти пат ќе игра во групната фаза од ЛШ, откако во плејофот го совлада Бешикташ со вкупни 1-0. Алексис Санчез го постигна единствениот гол во двомечот;
- Арсенал нема пораз во последните 10 натпревари од првото коло во ЛШ, на кои оствари скор од 8 победи и 2 ремија;
- Против клубовите од Германија, на гостински терен Арсенал има 5 победи, 5 нерешени средби и 5 порази;
Вечерва од 20:45 се среќаваат:
Група А: Јувентус - Малме, Олимпијакос - Атлетико Мадрид
Група Б: Ливерпул - Лудогорец, Реал Мадрид - Базел
Група Ц: Бенфика - Зенит, Монако - Баер Леверкузен
Група Д: Борусија Дортмунд - Арсенал, Галатасарај - Андерлехт