Најтешкиот натпревар за Јонас Гутиерез

На поранешниот член на „гаучосите" и фудбалер на Њукасл му е откриен тумор на едниот тестис, по што мора да го напушти тимот и да замине на операција во Аргентина.

Левиот крилен напаѓач на Њукасл (31), кој е позајмен во тимот на Норич, фудбал не игра од 5-ти април годинава, а откако неговото отсуство од подготвителниот период се поврзуваше со повреди, тој откри дека е болен. 

„Ужасно се чувствував кога видов дека нагло ми паѓа косата. Ми открија тумор на едниот тестис, по што отидов дома и без престан плачев. Ова ќе биде најтешкиот меч што треба да го одиграм", вели Јонас Гутиерез во интервју за аргентинската тв куќа Тиц Спортс. 

Во дресот на Њукасл, Гутиерез е од 2008-та година, а досега за „гавраните“ одигра 177 натпревари и постигна 11 гола. Како позајмен играч на Норич одигра само 4 натпревари кон крајот на минатата сезона.

„Имам договор со Њукасл, но во моментов парите не се важни. Најважно е здравјето, така што мора да почнам со хемотерапијата. Им кажав на моите најблиски пријатели Хајнце, Демикелис, Лавеци и Колочини кои многу ме поддржаа и ме охрабрија", додава Гутиерез.

17 септември 2014 - 14:50