Кристијано Роналдо е најголемата болка на Венгер

Интервјуто е напревено од чисто маркетиншки побуди, ама доаѓа со некои интересни прашања за Венгер. Прашањата му ги поставуваат блогери, твитерџии, славни личности и сл.

На големо изненадување, Арсен Венгер изјави дека некогашниот бек на „топџиите", Камерунецот Лоран му бил најдобриот трансфер што Арсенал го направил на пазарот.

„Никогаш не би кажал кој е најдобриот играч што сум го тренирал, но мислам дека купувањето на Лорен беше најдобриот потег откако сум во Арсенал. Тој беше играч за врска кој одлично се пронајде како десен бек", вели Венгер.

Најголемо внимание предизвика и неговиот одговор на прашањето за кој играч најмногу жали.

„Најкриво ми е за Кристијано Роналдо. Бев толку близу да го доведам во Арсенал, а на крајот тој не дојде кај нас и потпиша со Манчестер Јунајтед. Тоа ме боли до ден денес", отворено зборува Венгер за најдобриот фудбалер на денешницата, кој во 2003-та потпиша со Манчестер.

Со 15 гола на 15 натпревари против Арсенал, Дидие Дрогба е еден од играчите кој му задале највеќе маки на „професорот" Венгер.

„Го пропуштив уште кога играше во Франција и знаев дека е одличен фудбалер. Да играше за нас немаше да ги трпиме сите голови кој ги постигна против Арсенал, а вие знаете колку постигна", констатира Венгер на прашањето за Дрогба.

И покрај тоа што Арсенал е без победа во Премиер лигата од почетокот на сезоната, Венгер тврди дека сè уште се во добра позиција за титулата.

„Во многу покомфорна ситуација сме од порано, затоа што ги задржавме најдобрите играчи и купивме големи имиња како Месут Озил и Алексис Санчез", констатира Венгер.

 

18 септември 2014 - 15:27