Изгледа како да се случи вчера, а поминаа три години откако Диего Симеоне на 23. декември 2011-та година стана прв тренер на мадридскиот клуб.
„Сакам агресивен, силен и храбар тим кој ќе игра брзи против напади. Не се плашам од предизвикот кој го носи овој славен клуб", изјави Чоло Симеоне на промоцијата.
Со неговото доаѓање, „јорганџиите" стекнаа победнички менталитет, па и покрај поразот на првиот негов натпревар како тренер против Барселона, успеаа да направат победничка серија која успешно се заврши во Букурешт.
Во финалето од Лигата на Европа, Атлетико со 3:1 славеше над Атлетик Билбао, а следната сезона црвено-белите предводени од Фалкао го декласираа и Челси (4:1) во Супер купот на Европа, одигран во Монако.
Во сезоната 2012/13, Атлетико немаше голем успех во Лигата на шампионите, но го освоија Кралскиот куп на Шпанија со победата против Реал Мадрид на „Бернабеу".
„Потребно е само да верувате", мантраше Симеоне целата сезона, која беше најава за следната, најуспешна година во историјата на клубот.
Мантрата „од натпревар до натпревар" Симеоне ја преформулира во „од финале до финале" затоа што во 2 недели Атлетико Мадрид се судри со Реал Мадрид во финалето од ЛШ и со Барселона на „Камп Ноу" каде им оддолеа на Каталонците и ја освои долго очекуваната титула.
Поразот во финалето на ЛШ ќе остане најболното сеќавање на Симеоне во 1000. денови период во кој со успех го води Атлетико Мадрид.